ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.
ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО
ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.
ЕДНАКВОСТ
Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.
ДЕМОКРАТИЈА
ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.
СЛОБОДА
Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.
ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО
Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.
Информативни денови
Дознајте како да аплицирате за поддршка од ЕУ МГО
За секој повик ќе се организираат информативни сесии, онлајн и во живо, за да се претстави Повикот и да се одговори на Вашите прашања за подобноста, тематските приоритети и начинот на аплицирање. На секоја сесија ќе Ви бидат објаснети Насоките за апликантите и ќе се понудат практични упатства за пополнување на Формуларот за апликација и Образецот за буџет. Ќе ги снимаме сесиите на кои што нема да можете да присуствувате во живо. Датумите, локациите и деталите за аплицирање ќе бидат достапни на www.eu4cr.mk штом ќе се отвори повикот.