Apply in 123 simple steps

ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Човековите права се заштитени со Повелбата за основните права на Европската унија. Тие ја вклучуваат слободата од дискриминација, заштитата на личните податоци и пристапот до правдата. Секој граѓанин има еднакво право на овие права.

ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

ЕУ се темели на владеењето на правото. Сè што прави се засновува на договори доброволно и демократски усогласени од нејзините земји членки. Правото и правдата ги штити независно судство, при што Судот на правдата на ЕУ е конечен авторитет – неговите пресуди се задолжителни за сите земји членки.

ЕДНАКВОСТ

Еднаквоста обезбедува сите граѓани да бидат третирани еднакво пред законот. Таа ја вклучува родовата еднаквост и еднаквите можности во секоја сфера на животот. Овој принцип ја води европската интеграција уште од Римскиот договор.

ДЕМОКРАТИЈА

ЕУ е изградена врз претставничка демократија. Граѓаните имаат право да гласаат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент, без разлика дали тоа е во нивната земја на потекло или живеење. Политичкото учество е камен-темелник на европското граѓанство.

СЛОБОДА

Слободата ги опфаќа правото на движење, живеење и работа низ целата Унија. Таа исто така ги штити личните слободи, како приватноста, верувањето, собирањето и изразувањето. Овие слободи се гарантирани со Повелбата за основните права на Европската унија.

ЧОВЕЧКО ДОСТОИНСТВО

Човечкото достоинство е темелот на европското општество. Тоа е неповредливо и мора секогаш да биде почитувано и заштитено. Сите основни права произлегуваат од овој принцип.

Нашата приказна

Отпорноста ја означува способноста да се приспособиме, да ги издржиме промените и да растеме, и таа е во срцето на сè што го прави ЕУ МГО. Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО) беше создаден за да го зајакне граѓанското општество во Северна Македонија, помагајќи им на организациите да направат повеќе за своите заедници. Воден од вредностите на ЕУ – демократија, човекови права, еднаквост и владеење на правото – овој механизам за финансирање ги пренесува овие принципи во практична, непосредна поддршка за граѓанските организации кои работат за своите заедници.

Преку ЕУ МГО, им помагаме на граѓанските организации:

  • Да ги оспособат младите со дигитални и претприемнички вештини, како и вештини за социјално претприемништво
  • Да ја зајакнат конкурентноста на младите на локалниот пазар на труд
  • Да го поттикнат демократското учество и отчетноста
  • Да ја унапредат инклузијата и еднаквоста во нивните заедници
  • Да се надоврзат на локалните потреби и реалните приоритети на заедницата
  • Да го зајакнат сфаќањето на процесот на пристапување кон ЕУ од страна на локалните заедници и да ги промовираат основните вредности на ЕУ преку активно граѓанско учество

Во рамки на Фазата I, ЕУ МГО поддржа 49 граѓански иницијативи со речиси €900.000 директна поддршка. Фазата II на ЕУ МГО се надоврзува на овој успех, опфаќајќи ги оние организации каде што потребата е најголема: оние што работат надвор од главните урбани центри или со маргинализирани заедници.

Зошто е тоа важно?  

ЕУ МГО им помага на граѓанските организации да ги претворат локалните идеи во трајна промена. Поддржувајќи ги организациите што ги разбираат потребите на своите заедници, програмата го зајакнува граѓанското учество, инклузијата и демократскиот ангажман онаму каде е најпотребно.
Во Кочани, тоа значи создавање нови можности за младите преку развој на вештини, претприемништво и вработливост. Во Северна Македонија, тоа значи поддршка на локални иницијативи што ја промовираат демократијата и владеењето на правото, инклузијата и еднаквоста, вклученоста на младите и заедницата, и зелената и дигиталната транзиција.

На кого му помага?  

ЕУ МГО ги поддржува малите граѓански и грасрут организации во Северна Македонија, особено оние кои тесно соработуваат со локалните заедници и ги адресираат локалните потреби.
Фазата II на ЕУ МГО обезбедува €600.000 директна поддршка преку два Повика за директна поддршка. Првиот повик е отворен за организации во Кочанскиот регион што работат на економско зајакнување и претприемништво на младите. Вториот повик ги поддржува организациите во Северна Македонија, со посебно внимание на руралните и недоволно опфатените подрачја.
ЕУ МГО им дава приоритет на организациите кои ги опфаќаат заедниците соочени со најголеми пречки, вклучувајќи жени и девојчиња, млади луѓе, Роми и други етнички малцинства, лица со попреченост, ЛГБТИ+ лица, бранители на човекови права, волонтери и луѓе кои живеат во сиромаштија или долгорочна невработеност. Преку зајакнување на граѓанските организации, ЕУ МГО помага да се изградат поинклузивни, поотпорни и поодговорни заедници во Северна Македонија.

Што е ЕУ МГО?  

Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (ЕУ МГО) обезбедува флексибилна директна поддршка за граѓанските организации во Северна Македонија. Наместо финансиски грантови, организациите добиваат практични услуги и ресурси потребни за спроведување на нивните иницијативи, а ЕУ МГО им плаќа директно на давателите на услуги.

ЕУ МГО обезбедува поддршка преку два повика. Првиот повик е насочен кон економско зајакнување и претприемништво на младите во Кочанскиот регион, додека вториот повик ги поддржува граѓанските организации во Северна Македонија што работат на демократија и владеење на правото, инклузија и еднаквост, вклученост на младите и на заедницата, и зелена и дигитална транзиција.

Покрај директната поддршка, ЕУ МГО нуди и градење капацитети, менторство, поддршка за комуникации, вмрежување, како и можности за мобилност и размена, помагајќи им на организациите да ги зајакнат своите вештини, да ги прошират партнерствата и да го зголемат своето влијание.

Нашиот тим  

Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ се спроведува од страна на посветен тим искусен во управување со проекти, техничка помош и административна експертиза. Заедно, тие работат на обезбедување ефективна и транспарентна испорака на директна поддршка за граѓанското општество и грасрут организациите во Северна Македонија. Дознајте повеќе за луѓето кои се двигатели на оваа работа.

 

Повеќе

Read more